ЗАБРАНЕТА ЉУБОВ

Loading Video...
На Сител телевизија од понеделник започнува нова латиноамериканска теленовела, која ќе се емитува секое утро во 10.30 часот како замена на португалската „Тајната на дивата река“. Се работи за "Забранета љубов", снимена од продукцијата на Телемундо и воедно римејк на турската серија "Притаени страсти".
 
Приказната се врти околу младата и убава Бјанкa, која живее во својата мајка, манипулативната и алчна Флавија. Бјанка смета дека мајка и го изневерува татко и со друг маж. Откако нејзиниот татко ќе дознае за неверството на својата сопруга, доживува срцев удар и веднаш умира.
 
Бјанка решава да и се одмазди на својата мајка така што ќе се омажи со богатиот Ариел за кого и нејзината мајка Флавија сонувала да се омажи. Ариел е дваесет години постар од Бјанка, кој по смртта на првата жена, живее во раскошна вила во Мајами со својата ќерка Нинa, синот Сантјаго, внукот Бруно и дадилката Дениз.
 
Бракот помеѓу богаташот Ариел и младата и фатална Бјанка ќе донесе лавина на страсти и неверства кои ќе биде тешко да се запрат. По свадбата, Бјанка се вселува во куќата на сопругот, но и покрај љубезноста на Ариел и големата грижа и љубов што и ја пружа, таа не е среќна со него.