Македонија
13. February 2018 - 18:13

Забрана за тешки товарни возила и кај Ѓавато

Патниот правец Битола–Ресен кај Ѓавато е забранет за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Поради врнежите од снег од попладнево се воведени забрани за движење на повеќе планински превои во државата. Воведена е забрана за сите возила на планинскиот превој „Буково“ кадешто попладнево поради заглавени два шлепера имаше застој на колона од 30-тина возила.

Од 15 часот е воведена забрана за камиони и на патниот правец кон Попова Шапка.

МВР преку соопштение апелираше на магистралните патишта Охрид-Кичево  и Охрид-Ресен да се вози при исклучителна нужност за да се избегнат евентуални несакани последици.