Македонија
29. November 2016 - 20:46

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир

На патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информира ЈП „Македонија пат“.

Од АМСМ, пак, препорачуваат тешките товарни возила да не се вклучуваат во сообраќај со летна опрема и задолжително да ја користат зимската опрема, која е и задолжителна од 15 ноември.

- Препорачуваме тешките товарни возила да не тргнуваат на пат преку планинските премини без некоја итна потреба. Доколку мора да се патува, исклучително внимателно да се управуваат возилата и да се одржува неопходното растојание помеѓу нив, велат од АМСМ.