Македонија
17. July 2017 - 19:26

Забрана за работа од 30 дена за агенцијата „Венера“ која измами студенти за работа во странство

Агенцијата Венера Кемаловски не смее  да работи месец дена ниту да посредува за вработување во земјава и во странство. Оваа мерка следи по обелодувањеето на аферата за измамените студенти и граѓани. Државниот инспекторат за труд подготвува и  прекршочна пријава за агенцијата.

- Вонредните инспекциски надзори беа извршени на 5.7.2017 година и на 14.7.2017 година по објавените информации дека група студенти биле измамени од страна на оваа агенција, стои во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Управителот на агенцијата пак за Сител тврдеше дека целиот случај е масло на конкурентска фирма и дека парите на сите кои аплицирале за работа во Германија а не заминале , им се вратени. На фан страната на Венера Кемаловски на социјалните мрежи е објавено видео во кое вработена во агенцијата уште еднаш ги отфрла обвинувањата од студентите и граѓаните  како невистинити и најавува тужби.

По аферата со агенцијата Венера Кемаловски со апел до граѓаните пристигна и од Националната Федерација на Агенции за вработување. Кандидатите кои аплицираат да бидат претпазливи кога носат одлука за заминување на работа во странство. Според законот за работни односи и меѓународната конвенција 181 за Приватни агенции за вработување која ја има ратификувано РМ агенциите не смеат да наплаќаат никакви трошоци од кандидатите за вработување.

Оштетените граѓани за измамата можат да пријават во полиција и да испратат претставка во Министерството за труд и социјална политика. Во Македонија има околу 25 лиценцирани агенции за посредување и привремено вработување. Венера Кемаловски е регистрирана во регистарот на Министерството за труд и социјална политика. Агенцијата има свои канцеларии во Битола, Штип, Скопје и Струмица но изминатите неколку дена не работат бидејќи се на колективен одмор. Големата лага за прв пат излегла на виделина на 15 минатиот месец, кога требало да замине првата група студенти во Берлин, но останале дома под изговор од Венера Кемаловски, дека се уште не им се изготвени работните дозволи. За случајот со агенцијата јавноста дозна минатата недела откако голем број студенти и граѓани проговорија јавно за измамата.