Македонија
19. January 2017 - 18:52

Забрана за камиони на крак Маврово - Дебар, на Деве Баир се чека половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови и по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од ЈП Македонијапат.

Забрана за тешки товарни возила има на кракот Маврово - Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Деве Баир кон Бугарија каде за излез од Македонија се чека до 30 минути.

АМСМ апелира на исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.