Македонија
10. January 2017 - 15:50

Забрана за камиони кон граничниот премин Делчево

Од 14:35 часот забранет е сообраќајот кон граничниот премин Делчево за товарни моторни возила, поради излизгување на камион и блокирање на патот од бугарската страна, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот за патнички моторни возила се одвива нормално.