Живот
20. February 2018 - 11:53

Заборавете на вагата: Оваа девојка е доказ дека бројката на килограмите не е важна!

Веројатно ви се случило да застанете на вага и да бидете разочарани од бројката што ја гледате. Сепак, приказната која Инстаграм ѕвездата Келси Велс ја споделила со светот, во целост ќе го промени вашиот став кон таа омразена бројка.

Келси Велс стекнала слава на Инстаграм, каде има преку 600 илјади следбеници. Таа објави фотографија која ја променила перцепцијата за килограмите и мерењето на многу луѓе.

“Баталете ја вагата – тоа е мојот искрен совет. Ве молам, не се преоптеретувајте со бројот кој таа ви го покажува. Немојте да мислите дека цифрите го покажуваат вашиот напредок и на било каков начин треба да влијаат на вашата самодоверба, како што влијаеа на мене”, – напишала Келси под фотографијата.

Таа е висока 170 cm и има 63 kg, што не е во склоп со формулата за идеална тежина, но таа навистина изгледа фантастично!

Минатата година, Келси се приклучила на фитнес програма за да си ја врати совршената фигура по породувањето. Тогаш тежела 65 килограми, но сакала да изгуби уште 10.

По неколку месеци тренинг, дошла до посакуваната тежина и успеала да ги закопча своите најтесни фармерки, но сепак не била задоволна.

И навистина, кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе забележите дека таа изгледа подеднакво фит, но поатрактивно и позатегнато на последната фотографија, иако на истата има 8 килограми повеќе.

“Конечно научив да го мерам својот успех според рабоите кои навистина се битни, а тоа се силата, издржливоста, здравјето и среќата” – додава Келси.

Таа сега има само 2 килограми помалку откако почнала со програмата, но нејзиното тело е потполно променето.

“Минатата недела застанав на вага и видов дека покажува 63 килограми. Од тој момент, решив дека ќе ја фрлам вагата, а ви препорачувам и вам да го сторите истото”. – вели таа.