Македонија
21. March 2017 - 21:37

„За заедничка Македонија“ во Гевгелија

Од најмасовниот протестен марш одржан досега во Гевгелија за подршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва беше поздравена одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не се сретне со евроамбасадорот Јоханес Хан.

Со ваквата храбра одлука, како што рекоа учесниците на протестот, Иванов јасно ставил до знаење дека нема да се менува неговиот став додека не се отфрли тиранската платформа. 

Граѓаните протестираа мирно и уште еднаш повикаа да им се придружат и остантите во заедничката борба за спас на Македонија, нејзината унитарност, јазикот, химната, знамето, идентитетот. 

Нивна оценка е дека Албанците ги имаат сите права.