Македонија
3. April 2017 - 13:41

„За заедничка Македонија“ повикува на голем масовен собир- ќе се маршира од пред Влада до зградата на ЕУ

 Барањата на организаторите за време на протестот остануваат исти, а тоа е ЕУ да ја отфрли и осуди платформата од Тирана.

-Голем масовен собир 3-ти април, понеделник 17:00 часот од пред Влада до зградата на ЕУ, објавено е на официјалниот профил на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Денешното собирање пред седиштето на ЕУ кореспондира со доаѓањето на првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск .

Барањата на организаторите за време на протестот остануваат исти, а тоа е ЕУ да ја отфрли и осуди платформата од Тирана и да дозволи да бидат распишани нови парламентарни избори.