Македонија
26. March 2017 - 17:18

,,За заедничка Македонија‘‘: Нема да дозволиме спикер на собранието кој нема да ја отфрли Тиранската платформа

Младите подржувачи на иницијативата за заедничка Македонија на Плоштадот во Скопје со перформанс во жлто црвена боја.  Симболично го направија заштитниот знак на иницијативата кој означува 4 Илинден.  Организаторите порачаа дека нема да дозволат да биде избран претседател на Собранието кој претходно не ја отфрлил тиранската платформа.

Младите гласно се спротиставуваат на обидот да се редефинира уставот на државата и да се усвои платформа која ќе го сруши нивниот просперитет во државата.

Протестните маршеви продолжуваат од утре од Владата се до Собранието во главниот град. Да се отфрли тиранската платформа бараат и граѓаните преку протести во 33 градови низ државата. Според организаторите на иницијативата на досегашните протести излегле повеќе од  2 милиони граѓани.