Македонија
20. March 2017 - 21:21

„За заедничка Македонија“ на протести 22-ри ден против Тиранската платформа во над 30 градови

Параглајдер со македонско знаме и симболот на граѓанската иницијатива кој кржеше над Владата го означи почетокот на денешниот протест За Заедничка Македонија.

И вечерва 22 ден по ред илјадници граѓани од сите генерации излегоа на улиците во Скопје и ја дадоа подршка на иницијативата За заедничка Македонија.

На изјавата дека Јоханес Хан нема да има време да се сретне со претставници на За Заедничка Македонија од граѓанската иницијатива порачаа дека утре уште помасовно ќе се соберат и ќе се погрижат Еврокомесарот да ги слушне.

И вечерва голем број уметници и јавни личности порачаа дека нема да дозволат редефинирање на државата и повикаа меѓународната заедница да ја отфрли албанската платформа.

Граѓаните кои дојдоа на вечерашниот протест рекоа дека се загрижени и сакаат Македонија да си остане унитарна држава.

За утре кога европската четворка е на средба со политичките лидери во земјава, Од граѓанската иницијатива најавија најмасовен протест низ улиците во Скопје.