Македонија
23. March 2017 - 21:18

„За заедничка Македонија“ и вечерва по 25. пат одржа протестен марш во Скопје

Мајки и татковци со своите деца беа предводници на денешниот марш За Заедничка Македонија. Граѓанската иницијатива 25-от ден од протестите го посвети на идните генерации.

И вечерва низ улиците во Скопје се пееа македонски песни, а илјадниците граѓани маршираа мирно и достоинствено од Владата до Собранието.

Од граѓанска иницијатива и денеска повикаа да се отфрли тиранскта платформа и потенцираа дека на 24 март нема да има Влада.

–Денес 25-тиот ден откако излеговме на улица. Ако се сеќавате, рекоа дека на 24 март ќе формирале влада. Ние гарантираме, сите 200.000 кои излегуваат на улица, дека на 24 ти март нема да има влада качена на Тиранската палтформа, и тоа треба да им е јасно, истакна Богдан Илиевски на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Татковците кои ги памтат сите разочарување. Ги паметат промената на знамето, името, транзицијата, територијалната поделба, во себе ја имаат меморијата на злото. Но, ова е револуцијата на мајките, кои ја знаат иднината и ја гледаат, за своите деца. Нема иднина врз Тиранска платформа. рече Борис Дамовски, од Иницијативата „За Заедничка Македонија“.

- Македонија не е во сопственот на оваа генерација, туку и на сите идни генерации кои секогаш ќе се спротивставуваат на какви било поделби и Клиниката за детски болести – Скопје.

Граѓаните кои присуствуваа на денешнио протест велат дека се дојдени да си ја одбранат државата.

Од граѓанската иницијатива и за утре закажаа нов протест во 17 часот пред Владата.