Македонија
24. јуни 2016 - 10:11

За време на викендот можни застои во сообраќајот на улицата „Орце Николов“

За време на викендот и на 2 и 3 јули на дел од улицата „Орце Николов“ во Скопје ќе се изведуваат градежни работи.

- Улицата ќе биде отворена за сообраќај, но поради работењето можни се мали застои. Ги молиме граѓаните за разбирање, се вели во соопштението од општина Центар.