Loading Video...
Свет
6. November 2017 - 16:05

За време на миса во црква во Тексас убиени 26 лица, властите отфрлаат можност за терористички акт

Поранешен американски војник стои зад најновото крвопролевање во САД во кое загинаа 26 лица и речиси исто толку се повредени. 26 годишниот Девин Патрик Кели  пристигнал до Баптистичката црква во тексашкото гратче Садерленд Спрингс подготвен за војна. Носел панцир  и бил вооружен со автоматска пушка.

- Излегол од  неговото  возило  и почнал да пука во црквата. Потоа ,осомничениот влегол во црквата и продолжил да пука, изјави Фриман Мартин, оддел за јавна безбедност во Тексас.

Пукањето се случило за време на миса.  Најмладата жртва  имала 5  а најстарата 72 години. Напагачот е ликвидиран од страна на локален  жител кој решил да ја земе правдата во свои  раце.  ТРамп оцени дека главната причината за  вчершното крвопролевање  не е лесниот пристап до оружје, туку менталното здравје на напаѓачот.

- Имаме многу проблеми со менталното здравје, како и многу други земји, но ова е и ситуација за оружје, можеме да навлеземе и во тоа, но е прерано, среќа некој друг имал оружје и пукал во обратна насока, инаку ќе имавме многу потрагична ситуација. Ова е проблем со ментално здравје на највисоко ниво. оа се добри луѓе во многу тажен настан. Така јас гледам на тоа. истакна Доналд ТРамп , претседател на САД.

- Како држава се соочуваме со најмасовното стрелање во истотијата на нашата држава изјави Грег Абот, гувернер на Тексас.

Мотивите не се познати. Случајот не се води како тероризам.Напаѓачот во 2014 година  бил отпушен од воздухоплвните сили на САД, поради малтретирање на сопругата   и детето.  Во САД, според последните истражувања  од огнено оружје  годишно во просек гинат 33 илајди луѓе.