Македонија
19. October 2017 - 16:08

За влез во ЕУ од 2020. година ќе треба да плаќаме по 10 евра од лице

Комитетот за грагански слободи на Европскиот Парламент  го усвои  предлогот на Европската Комисија  за државјаните на третите земји ослободени од визи за влез во Шенген зоната , мегу кои спагаат и македонските грагани од 2020 година да треба да аплицираат за дозвола за патување пред да пристигнат во ЕУ.  Ова значи дека нашите грагани пред да заминат во некоја земја на ЕУ ке мора преку интернет да се регистрираат, тоест да  пополнат елекстронска форма со нивните лични податоци, како  и  да наведат дали биле обвинети за сериозни кривични дела  или престојувале  во конфликтните зони во текот на последните десет години.

Според Комитетот ваквата потврда за патување би чинела 10 евра , а од таксата би биле ослободени лица под 18 години и постари од 60 години, оние кои имаа роднини кои се грагани на ЕУ, како и лица кои патуваат за академски цели.

Потврдата ке важи три години или додека не истече пасошот на подносителот.

Постои и можност апликантот да биде одбиен за влез во Унијата. Во таков случат тој ке биде информиран за причините и неговите  права за надминување на проблемот. Граничната полиција ке го има последниот збор за влез во Унијата.

Комитетот на Европскиот Парламент ја одобри новата регулатива со 42 гласови наспроти 12 против и двајца воздржани.

Според европската комисија, таа е дел од мерките за засилување на безбедноста на ЕУ испречување на илегалната миграција.