Македонија
15. February 2016 - 19:53

За владиката Иринеј Буловиќ МПЦ Е „скопска црква“

Не престануваат навредите и омаловажувањата од Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, кон Македонската православна црква. Членот на комисијата за преговори со МПЦ, во интервју за белградска „Политика“ употребил куп навреди и говор на омраза кон МПЦ, а преку тоа директно го навредува и Македонскиот народ, кој е дел од Македонската православна црква.

Буловиќ освен што ја нарекува „расколничка“, овој пат за МПЦ го употребува терминот „Скопска Црква“, како што вели најсоодветен за користење, што пак е директно негирање на македонскиот идентитет и на црквата и на народот.

Дрскоста на Буловиќ во тоа интервју оди до таму, што му наредува на новинарот на „Политика“ , кој во прашањето  за МПЦ го употребува терминот, „канонска непризната црква“, да ја користи терминологијата, „расколници“ и „Скопска црква“.

Ви предлагам точни и поедноставни изрази: „непризната Црква“, „неканонска Црква’, „Црква во раскол“ или термин, којшто во случајот за кој станува збор, го користат елинските Цркви на Истокот -„Скопска Црква“. Вашето прашање, пак, ни овозможува заедно да и помогнеме на расколничката ерархија на Скопската Црква, своите тежнеења да ги сообрази со реалноста, изјавил Буловиќ за „Политика“

За иронијата на да биде поголема, тој заклучува дека Македонците требало да занаат дека љубовта на СПЦ кон нив не била секната и дека Српската православна црква, колку што од нејзе зависело, ќе продолжела да се труди, за да се залечела раната на расколот.