Македонија
14. January 2018 - 13:34

За викендите повторно експресен воз Гевгелија-Солун

Повторно е воспоставен патничкиот железнички сообраќај помеѓу Македонија и Грција, кој беше во прекин, но само за викендите, информираше МВР.

Во работните денови, од понеделник до петок, експресните возови од Гевгелија кон Солун и обратно нема да сообраќаат, туку начинот на превоз на патниците ќе се одвива како и досега со автобуски превоз, а за викенди повторниот патнички железнички сообраќај со Грција е на неопределено време.