Македонија
20. March 2017 - 22:04

За утре најавен најмасовниот протест до сега: Еве го планот на инцијативата За Заедничка Македонија

Утре Македонија излегува и најгласно и најмасовно досега. На дури 43 локации повеќе од 200.000 граѓани кои се за Заедничка, а не двонационална држава, ќе пратат порака до сите политички чинители: Не за Тиранската платформа, не за двојазична и федерализирана Македонија. Посебна порака ќе биде пратена до комесарот кој сака да ги притиска политичарите да прифатат платформи создадени во други држави, а ги игнорира стотиците илјади Македонци кои секој ден на улиците порачуваат: покажете малку почит кон нас, ние кои овде живееме и ќе продолжиме да живееме и откако ќе заминете вие и сите еу бирократи кои наместо како гости се однесуваат како газди на Македонија. Овде, во Македонија, има куќен ред кој мора да се почитува. Друг избор и друга држава, ние немаме, порачуваат од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. 

Ова е распоредот за утре, ден 23:

21.03.2017 – ВТОРНИК

Протести во Општини:
1. Скопје – 17 часот
2. Прилеп – 18 часот
3. Струмица – 18 часот
4. Неготино – 17 часот
5. Радовиш – 17 часот
6. Кавадарци – 17 часот
7. Валандово – 19 часот
8. Гевгелија – 18 часот
9. Битола – 18 часот
10. Кичево – 18 часот
11. Охрид – 17 часот
12. Крушево – 17 часот
13. Ресен – 18.30 часот
14. Демир Хисар – 17 часот
15. Куманово – 18 часот
16. Свети Николе – 18 часот
17. Берово – 17 часот
18. Пробиштип – 18 часот
19. Велес – 17 часот
20. Виница – 18 часот
21. Македонска Каменица – 17 часот
22. Штип – 18 часот
23. Крива Паланка – 18 часот
24. Делчево – 17.30 часот
25. Кочани – 17 часот
26. Демир Капија- 18 часот
27. Вевчани- 18 часот
28. Дебрца- 17 часот
29. Росоман- 18 часот
30. Кривогаштани- 18 часот
31. Старо Нагоричане- 18 часот
32. Дојран- 18 часот
33. Могила- 20 часот
34. Богданци- 18 часот
35. Конче- 18 часот
36. Чешиново-Облешево- 17 часот
37. Зрновци- 18. 30 часот
38. Кратово- 17 часот
39. Пехчево- 18 часот
40. Македонски Брод- 18 часот
41. Новаци- 18 часот
42. Босилово- 18 часот
43. Василево- 18 часот