Бизнис
5. September 2017 - 19:42

За три месеци ќе биде готова стратегија со Светска банка за раздолжување на државата

СДСМ ја враќа во игра идејата стара неколку години. Ќе се формира Фискален совет, кој ќе го анализира  трошењето на јавните пари.  Станува збор за независно тело, составено од експерти, кои ќе го следат водењето на фискалната политика .  Сепак, советот  нема извршна, одлучувачка моќ, туку само советодавна улога. Министерот Тевдовски не откри – кој ќе членува, кога ќе се формира и дали членовите ќе имаат право на  вето на  владините одлуки

– Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра и потребно е да се промени среднорочното буџетско планирање. До крајот на годината ќе има промени во буџетската рамка со предлог-закон за реформи во овој дел – изјави Тевдовски.

Министерот Тевдовски најави дека најдоцна за три месеци ќе биде готова и Стратегијата за чистење  на долговите, која се работи со Светска банка. Денеска преставници на банката, заедно со регионалната директорка за Западен Балкан, разговаа и за ефикасноста на трошењето на јавните финансии. Договорено е Светска банка со 350 милиони долари финансиски да поддржи вкупно 7 проекти

Приоритетни проекти за кои новата влада ќе добие финансии од Светска банка се  активните мерки за вработување, подобрување на енергетската инфрструктура и транспортот.