Бизнис
11. December 2017 - 20:23

За старите згради да станат енергетски ефикасни потребни се 300 милиони евра

Најмалку 300 милиони евра треба да се инвестираат во близу 12 000 стари  згради за да бидат енергетски ефикасни. Со интервенциите во овие објекти сметките за греење и ладење ќе се намалат двојно, а вложувањето може да се исплати за период до 8 години. Ова го покажува спроведеното истражување на граѓанскиот сектор. Станува збор за објекти кои биле изградени во периодот на планска економија кога не се посветувало доволно внимание на енергетската кострукција.

Од Владата најавуваат законски измени во насока на посериозна контрола на објектите кои ќе се градат во иднина. Енерегетските контролори ќе контролираат дали инвеститорите се придржуваат кон стандардите за енергетска ефикасност. Не само во фаза на проектирање како досега, туку и во текот на изградбата на зградите.

Со европски пари ќе се формира и Фонд преку кој ќе се финансираат енергетски ефикасни проекти.  На барање на граѓаните или фирмите ќе се изготвуваат или ревидираат веќе изготвените. Проектите  ќе бидат основа за да можат да аплицираат за кредити од банките со кои ќе ги реализираат.