За ревитализација на Мала Преспа 3,5 милиони евра
Фонд од 3,5 милиони евра ќе биде искористен од албанската влада за целосна ревитализација на Преспанско Езеро и неговата околина.
Проектот е објавен во Службен весник, кој се очекува да почне да се реализира набрзо.
Средствата се грант добиен од германската КфВ (KfW) банка а ќе бидат насочени за заштита и одржување на биодиверзитетот во ова подрачје, како и за подобрување на условите за живот на населението, кое живее во подрачјето на Националниот парк „Преспа“ и околината.
Од оваа инвестиција директни придобивки ќе имаат околу 5.700 жители, етнички Македонци на општина Пустец, област Мала Преспа, која опфаќа десеттина села, покрај југозападниот дел на Преспанско Езеро.
Со реализација на проектот ќе се придонесе во унапредувањето на ова подрачје како туристичка атракција, бидејќи од година в година станува се поинтересна како за домашни,така и за странски турсти.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор