Македонија
23. January 2017 - 17:01

За поддршка и збогатување на културната понуда, министерството годинава ќе издвои близу 900 милиони денари

На сцената на Македонскиот народен театар годинава ќе биде преизведен текстот „Госпоѓиците од Авињон“ на драмскиот автор Сашо Димовски. Поддршката од Министерството за култура според Димовски не само што ќе ја раздвижи драмската дејност во Македонија, ќе придонесе и за создавање на автентичен македонски театар.         

Еден од главните приоритети на министерството останува и поддршката за меѓународна промоција на македонската култура на светските сцени. Со голем број меѓународни награди зад себе, младата виолиниска Ева Богоевска е една од најдобрите културни амбасадори на земјава. Со државна помош таа годинава ќе ја претставува македонската култура во Италија и САД.

За поддршка и збогатување на културната понуда во нашата земја, министерството за култура годинава ќе издвои близу 900 000 000 денари. Со зголемен интензитет финансиски ќе бидат поддржани проекти од национален интерес во сите дејности од областа на културата.