Бизнис
24. March 2018 - 16:27

За нормален живот е потребно двајца вработени со плата од 500 евра - нема услови со неконкурентна економија

Со просечната плата во Македонија може да се живее  првите десет дена од месецот, се жалат граѓаните. Сумата не е доволна ниту да се покријат основните потреби. Цените растат побргу од примањата. Велат  таа минимум треба да изнесува  30 илјади денари па и повеќе.

Од органзацијата на работодавачи  се сложуваат дека просечната плата во земјава е една од најниските во регионот и дека треба да се зголеми. Сметаат дека за да се задоволат основните потреби  во месецот и  плус да остане нешто од парите ,  во едно семејство доволно е да има двајца вработени  кои ќе работата за просечна плата. Но  се  додека домашната економија  и  работната сила  не се доволно конкуретни не може да се зборува за зголемување на платите.

Вработените во јавниот сектор  очекуваат дека со новиот колективен договор, во кој ќе се внесе исплатата на к 15, барем малку ќе го подобрат домашниот буџет.  За ова во слендиот период  синдикаото на УПОЗ и министертвотот за информатичко општество ќе ги почнат преговорите.  

Според последните податоци  на статистиката просечната нето плата во земјава надмина 24 000 денари. Во јануари изнесувала  24 025  денари. Но според податоците  половина од вработените  не  ја заработуваат оваа сума што значи половина  од нив со примањата не можат да си ги задоволат основните потреби. Синдикатото пресметал дека за нормален живот на едно четиричлено семејство му се доволни 32 383 денари.