Бизнис
25. September 2016 - 17:57

За неполни три месеци 1500 работни места преку „,Македонија вработува“

За два ипол месеци со Македонија вработува 2  до работно место дошле 1.500 лица. Поволностите од  проектот  досега ги искористиле 1.160 фирми од кои најглемиот дел или околу 1.000 се мали  компании со по десет вработени.

Според Груевски позитивните резултати од  првиот циклус  од овој проект,  биле пресудни да се продолжи со негова реализација. Очекувањата се дека за една година колку што ќе се применува мерката ќе се отворат нови 10 илјади работни места.

Македонија вработува за прв пат почна да се реазлира лани. Проектот се воведе за да им се помогне на многу  групи невработени лица кои потешко се пробиваат на пазарот на трудот да дојдат до работно место, а преку  поволностите кои ги нуди мерката  да се мотивираат  приватните компании да вработуваат нов кадар.