Живот
6. September 2015 - 20:56

За него тоа било обичен ден, но потоа низ кров му влетало ОВА!

Дел од моторот од ракета која била лансирана во Кина во четвртокот вечер, паднал во куќа во североисточната кинеска провинција Шанси. Сопственикот на куќата сигурно не очекувал  дека низ покривот во една од собите ќе му падне вакво нешто.
 
Ракетата во вселаната го носела новиот кинески сателит Yaogan-27, а била лансирана од вселенската станица Таијуан во провинцијата Шанси.
 
До сега не е познато каде паднал остатокот од ракетата, а ова не прв случај.
Центрите за лансирање ракети во Кина главно се сместени во внатрешноста на земјата. но иако местата околу нив се прилично рурални, сепак се колку- толку населени, што го зголемува ризикот за да се случи вакво нешто.
 
Сателитот Yaogan-27 успешно стигнал до орбитата, а со обзир дека Кина не ги објавила деталите за нејзиното лансирање, се претпоставува дека станува збор за шпиунски сателит.