Бизнис
11. July 2017 - 19:59

За намалување на невработеноста да се воведе модел на социјално менторство, препорачуваат експертите

Државата да издвојува повеќе пари за активните мерки за вработување.  Според економските експерти нивната досегашна примена ги дала позитивните ефекти. Но, за позначајно намалување на невработеноста потребно е да се издвојат поголеми износи и поинтензивно да се применуваат.

Менторството ,обуките и праксата се некои од мерките кои  ги зголемуваат шансите за вработување на ранливите категории. Програмата во која биле вклучени 120 лица покажува дека со помош на овие мерки се зголемиле нивните шанси за вработување. Експертите предлагаат да се воведе модел на социјално менторство.

Надлежните потенцираат дека една од основните заложби на новата Влада е зголемување на износот на средства за програмите за вработување. За оваа намена се издвоени 22 милиони евра.

Досегашните мерки за вработување значително помогнаа невработеноста во земјава да се намали од 38 на 22,9 отсто. Со годинешниот Оперативен план и мерките во него е предвидено да се отворат нови 10 000 работни места.