Бизнис
24. February 2016 - 19:40

За надградба на куќа не треба да се чека на промена на ДУП

Граѓаните ќе можат да си ја надградат куќата, без разлика дали е предвидена во деталниот урбанистички план. Единствена обврска ќе биде да достават до општината барање за одобрение за градба, со претходно изработен проект. Услов е надградбата да не надминува 10 метри и 20 сантиметри. Општината на тој начин ќе мора да издаде дозвола,  појасни министерот за транспорт Мисајловски

-Со законот на секој ќе му биде овозможено да надгради и да бидат рамноправи сите граѓани затоа што сега во некои општини може да се направи тоа, а во некои не. Со оваа мерка секој ќе може да надгради, доколку сака доградување ќе мора да чека да се смени планот, истакна Мисајловски и додаде дека со оваа мерка ќе може и директно да се аплицира и за проектот „Купи куќа за млади“.

Оваа мерка се однесува на куќи кои веќе се изградени со одобрение за градба или легализирани со законот за легализација. Реформата се прави затоа што општините немеле  секогаш  доволно средства  или капацитет да ги менуваат урбанистичките планови, па не ретко за надградба се чекало по 5,6 или повеќе години. Со овој закон се олеснува постапката,а за да се задржи континуитетот  на градежната експанзија, реформите  во овој сектор мора да продолжат, вели минисретот Мисалмновски.