Свет
12. December 2017 - 14:13

За Москва твитовите на Трамп се негови официјални ставови

Твитовите на американскиот претседател Доналд Трамп за Москва се негови официјални ставови и истите ги чита и претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека нема да го коментира однесувањето на Трамп, но оти се што тој ќе објави на Твитер се смета за негов официјален став.

- Природно тоа му се пренесува на Путин, заедно со ставовите на другите политичари, наведе Песков, додавајќи оти Путин нема Твитер.