Бизнис
2. September 2015 - 16:32

За две недели почна изградба на 4 регионални патни правци

За само две недели почна изгрдбата на четири регионални патни правци. Премиерот Груевски на почетокот на минатиот месец најави изградба на пет вакви патишта. Ветувањето е исполнето, за последниот патен правец подготовките се во тек.

Првиот регионален пат кој е почнат со градба е Маврово – Жировница – Дебар, кој во првата фаза вклучува изградба на делницата Ново Село – Маврово а потоа и продолжување на целокупната траса. Инвестицијата е вредна 8 милиони евра. Овој патен правец е од особена важност за целиот овој регион и кој директно се однесува на стотина илјади жители.

Вториот регионален пат е во истиот регион. Тоа е Тетово – Брвеница – Чегране – Гостивар, инвестиција вредна 1,8 милиони евра. Изгрбата на овој пат е исполнување на барањето на граѓаните од овој регион. Инсерти

Почнаа и градежните работи на регионалниот пат Мокрино - Смолари за што се инвестираат 1.6 милиони евра и кој драстично ќе го скрати патувањето. 

Почна реконструкцијата и на патот Дојран – Николиќ, важен не само за граѓаните од овој регион туку из а развој на туризмот.

Во тек се подготовките за изгрдба на петиот регионален патен правц кој го вети прмеиерот. Се работи за патот Битола – Ресен – Буково. Изградбата на овие патишта е дел од вкупните капитални инвестиции на Владата за подобрување на патната инфраструктура во државата.