Македонија
18. January 2017 - 16:12

За албанските гласачи едни за македонските други правила во политиката

За албанските гласачи едни за македонските други правила во политиката. Двете писма на албанските инселектуалци испратени во 2014та и 2017та покажуваат двојни аршини при поставувањето на правилата на игра.

Ако по изборите во 2014та со писмос е бараше од ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да состави влада со ДУИ зашто ја има поддршката од мнозинството Албанци, сега со исто писмос е бара спротивното- ДУИ под никакви околности да не направи влада со ВМРО ДПМНЕ партијата која ја доби мнозинската поддршка од Макеоднците.

„Огромен дел од гласовите што ги има добиено ДПМНЕ се некредибилни и нелегитимни, оти се обезбедени не по заслуга, туку со понижување, со превари и со заплашување на гласачите од другите етникуми во државата со Албанците, работа кое длабоко има допрено во душата на секој Албанец“ напиша во своето писмо до ДУИ групата албански интелектуачлци меѓу кои потпишани беа Џевдет Хајредини, Исмет Рамадани, Мерсељ Биљали, Вулнет Амети,..

Во 2014та пак барањата беа сосема спротивни. Тогаш во писмото адресирано и до ЕУ и НАТО се потенцираше неопходноста од формирање влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

-Бараме од ВМРО-ДПМНЕ, да ја прифати вољата на албанскиот народ исто толку сериозно колку и вољата на македонскиот народ, исто така да се почитуват барањата на албанскиот народ  произлезени од овие избори преку партијата победникво албанскиот политички кампус.

Од ДУИ бараме на ниту еден начин да не дозволи да се прегази вољата на повеќе од 153.000 гласачи и да не стане инструмен на било која македонска партија, без притоа да прифатат било каков притисок и било какви игри на  други политички партии, кои ја немаат вољата на мнозинството албанци, напишаа тогаш Али Алиу, Алајдин Абази, Абдулменаф Беџети, Вулнет Амети, Насер Зибери, Џевдет Хајредини, Исмет РАмадани, Алберт Муслиу и Мендерез Кучи.

Тие истовремено апелираа до ДПА да биде конструктивна опозиција порачувајќи дека секое отстапување од оваа улога утврдена од албанскиот гласач ќе се смета за уцена на изборниот процес.

Во 2014та беа организиранио повеќе трибини од кои овие интелектуалци ги упатуиваа пораките од отвореното писмо и се закануваа со целосен распад на државата ако владата не биде составена од победниците во макеоднскиот и албанскиот блок.

Засега единствено академикот Абдулменаф Беџети и денес останува на ставот кој го имаше во 2014. Тој во изјава за порталот тетовасот порачува дека мора еднакво да се почитува волјата на гласачите  во макеоднскиот и албанскиот кампус.

-Останувам на тој став. Мислам дека денеска не може да се направи таа споредба само со бројот на мандатите или бројот на гласови кои структури прават повеќе од 50% на албанските гласови со право на легитимитет и во духот на принципите и демократијата? Ваквото сметање за жал го комплицираат и албанските гласови за македонските партии, за кои никој со сигурност не знае колку се, вели Беџети за ТетоваСот.

Принципот на коалицирање на двете победнички партии беше воспоставен со изборите во 2008ма откако претходно се постигна таканаречениот мајски договор меѓу ВМРо-ДПМНЕ и ДУИ. Неодамна во интервјуз а Дневник лидерот на ВМРО-ДПМНЕ НИкола Груевски потсети на настаните кои му претходеа на договорот и потенцираше дека доколку овој пат се прекрши договореното ништо нема да ја обврзува неговата партија во иднина да коалицира со победничката албанска партија.