Македонија
27. April 2017 - 16:27

За 3 години 1000 пациенти снимени во пет центарот во Аџибадем Систина

За три години 1.000 пациенти снимени во ПЕТ центарот во „Аџибадем Систина“. Брза и прецизна дијагностика на малигните тумори, планирање на третманот и следење на ефектите од онколошкиот и зрачниот третман, се главниот бенефит за пациентите на ПЕТ центарот, стои во сооштението од Аџибадем Систина. Најмногу снимања биле направени кај пациенти со лимфоми, малигни меланоми, белодробни карциноми, и рак на дојка.

Од Аџибадем Систина велат дека со оваа инвестиција, пациентите добиваат услуги  според светски признаени протоколи. Во онколошки центри третман на малигни заболувања е невозможен без резултати добиени од ПЕТ скен. Тие даваат точна насока каде е локализиран туморот, колку е проширен, како правилно да се насочи третманот и да се следат и проценат ефектите од третманот, велат од клиничката болница.