Македонија
13. November 2015 - 15:22

За 20,4 проценти зголемено производството во државните шуми

Вкупното производство на шумски производи во  државните шуми во третиот квартал годинава, во однос на истиот квартал лани, е зголемено за 20,4  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни  и листопадни видови.  Намалување на шумското производство има кај рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од листопадни видови и просторното дрво од иглолисни видови.