Бизнис
16. February 2016 - 19:46

За 10 месеци преку „Македонија вработува“ реализирани 13.000 вработувања

Над 8,400  слободни  работни места на пазарот на труд, објави Агенцијата за вработување.

Се бараат работници од различни профили -  продавачи, правници, доктори, економисти,  комерцијалисти. 

Зголемената побарувачка на работна сила,  според познавачите се толкува како можност компаниите да ги искористат поволностите кои државата ги нуди преку нокоја од мерките и програмите.

Еден од нив  е  проектот Македонија  вработува, преку кој за  10 месеци вработени се 13.000 лица.

- Овај проект дава резултати и ќе продолжи да се реализира   до крајот на април. Им носи значителни заштеди на компаниите и тоа  од 1.500 до 2.000 евра за секое отворено работно места, изјави заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Покрај овој проект, државата преку низа други мерки  го стимулира отворењето работни места . Доделува грантови за започнување сопствен бизнис, парични средства за компаниите кои ќе обучат лица за дефицитарни занимања, како и финансирање вработување нови лица во фирмите.