Балкан
17. September 2016 - 19:52

За 10 години во Турција изградени околу девет илјади џамии

Околу девет илјади џамии биле изградени во Турција од 2005 до 2015 година, соопшти турската Дирекција за религиозни прашања.

Од Дирекцијата прецизираа дека вкупниот број на новоизградените џамии е 8.985, пренесува БТА.

Според податоците на Дирекцијата за религиозни прашања најголем е бројот на џамиите е во централниот турски округ Коња - 3.134. На второ место по бројот на џамии е северниот округ Самсун (2.610), следен од округот Кастамону (2.610 џамии).

Меѓу областите со многу џамии се и Анталија, Орду, Трабзон и Дијарбакир (по околу 2.000 храмови).

Најмалку џамии има во источниот округ Тунџели - едвај 92.