Свет
22. јуни 2017 - 15:31

За 10 години Египет добил 20 милиони жители

Во Египет во изминатите 10 години родени се повеќе од 20 милиони деца, покажува анализа на теренот на вработени во египетските служби за попис на населението.

– За 10 години направивме нешто што само може да се смета за цела нова држава, изјави Хусеин Саед, координатор на националниот цензус. Тие со години патувале низ државата и документирале зголемување на населенеито, но и богатство на домаќинства, за да може подобро да се распоредат владините субвенции.

Утврдено е дека бројот на жители на Египет е зголемен за околу два милиона годишно. Официјалните резултати ќе бидат објавени во август.