Свет
22. March 2018 - 12:19

Вулканот Иџен предизвика здравствени проблеми кај населението

Најмалку 30 луѓе побараа лекарска помош поради труење со сулфурен гас откако вулканот Иџен почна да исфрла токсични гасови.

- Повеќе од 170 жители од неколку села во индонезиската провинција Источна Јава се евакуирани. Некои од нив тешко дишеа и повраќаа по ерупцијата на пареа и на гас, изјави портпаролот на локалната Агенција за управување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо.

Тој додаде дека се забранети активностите на врвот од планината Иџен, која е позната по своето сулфурно езеро, додека општиот статус на вулканот е нормален.

Вулканот на планината Иџен висок 2.444 метри и е еден од 129 активни вулкани во Индонезија, земја архипелаг со повеќе од 17.500 острови. Последната ерупција на Иџен беше во 1999 година.