Балкан
10. October 2015 - 9:11

Вулин: И денеска се очекуваат од 6.000 до 7.000 бегалци

Српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања Александар Вулин изјави дека и денеска се очекува во Србија да влезат од 6.000 до 7.000 бегалци, најавувајќи дека кон почетокот на следната недела ќе биде отворен нов регистрациски камп во Бујановац.

Вулин изјави дека вчерашниот ден, кога во Србија влегле околу 7.000 бегалци бил тежок, но дека сите тие биле регистрирани, нахранети и медицински згрижени, јавува Танјуг.

Тој за РТС изјави дека Србија нема да ги намали процедурите и да престане да ги регистрира сите кои ќе влезат во земјата и покрај очекуваниот зголемен бран бегалци.