Свет
6. January 2018 - 13:04

Вулф смета дека неговата книга ќе го урне Трамп

Мајкл Вулф автор на контроверзната книга „Оган и бес:Во Белата куќа на Трамп“, верува дека неговата книга ќе предизвика крај на мандатот на американскиот претседател. Во книгата, Вулф остро го критикува Трамп за време на првата година од неговиот мандат.

Во изјава за Би-Би-Си вели дека негов заклучок е дека Трамп не е подобен за таа функција и оти тоа станува се пораширено мислење.

Тој тврди дека книгата постигнала ефект „Царот е гол“ од царевото ново одело.  

– Ненајдено, сите зборуваат:- Навистина, нема одело, вели Вулф.  

Во книгата ја опишува Белата куќа како „хаотична“ и тврди дека Трамп во 2016 година бил лошо подготвен за победата и дека соработниците се потсмеваат со неговите способности.

Трамп отфрли наводи од книгата нарекувајќи ги бесмислени лаги.

– Вулф е тотален губитник кој измислува приказни за да ја продаде својата досадна и невистинита книга, напиша Трамп на Твитер.