Ракомет
17. October 2016 - 14:49

Вујовиќ си замина од Загреб

Поранешниот тренер на Вардар, а до денеска и на ППД Загреб Веселин Вујовиќ нема да биде на клупата на овој клуб за саботното гостување на македонскиот шампион во „Загребска Арена“. Клубот и Вујовиќ заеднички се договорија за прекин на соработката.

Првите луѓе на клубот решија да ја прекинат соработката со прославениот ракометар и тренер, откако екипата запиша четири порази на истотолку натпревари во Лигата на шампионите. Хрватските медиуми навестуваат „шок терапија“ и очекуваат играчите под водство на новиот тренер да почнаат да победуваат.

Загреб во следното коло од Лигата на шампионите ја пречекува екипата на Вардар.

Вујовиќ во исто време додека беше тренер на Загреб, ја предводеше и селекцијата на Словенија.