Вучиќ вети зголемување на платите и пензиите
Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој е избран за претседател на земјата, изјави денеска дека во април нема будеџетски дефицит и ако таа тенденција продолжи ќе се отвори можност за зголемување на платите и пензиите во државниот сектор.
На прес-конфренцијата во Белград Вучиќ истакна дека во моментов во буџетот има суфицит од 16.396.400 евра, потсетувајќи дека во годишниот буџет и во планот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е предвиден 53 или 54 милијарди динари дефицит( околу 35 милиони евра).
Тој додаде дека со поголеми приходи и пониски расходи државата во првите четири месеци од годината успеала да спаси 470 милиони евра.
Вучиќ нагласи дека сега земјата може да инвестира и да стимулира развој на одбранбената индустрија.
- Ако продолжиме вака ќе можеме да ги зголемиме платите на војниците и полицијата, а за прв пат и на вработените во државниот сектор и во државната администрација, наведе Вучиќ.
Тој објасни дека е планирано и зголемување на пензиите, посочувајќи дека зголемување за само еден процент ја чини државата 40 милиони евра.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи