Балкан
28. December 2015 - 20:16

Вучиќ: Србија е пријател и со Турција и со Русија и така ќе остане

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија е суверена држава која има пријателски односи и со Руската Федерација и со Турција и оти ќе продолжи да води таква политика, јави Танјуг.

Вучиќ, по средбата со турскиот премир Ахмет Давутоглу, истакна дека Србија е мала земја, а тој обичен човек кон не сака да ги решава големите светски проблеми.

- Добро знам каде ни е местото во светот. Имаме добри и пријателски односи со Руската Федерација и со Турција и така ќе продолжиме, посочи Вучиќ.

Тој додаде дека Србија е среќна, горда и не се срами што Русија и Турција и се пријатели. Вучиќ наведе дека Србија ќже ги продолжи добрите односи со двете земји.

Давутоглу потенцира дека судирот меѓу Турција и Русија не може да влијае врз добрите односи со Србија.