Вучиќ: Србија е искрен пријател на Турција
Србија е искрен пријател на Турција, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на состанокот во Белград меѓу српската и турската делегација, на кој учествуваше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Вучиќ и Ердоган претходно, повеќе од еден час, имаа тет-а-тет средба, за која српскиот претседател рече дека е презадоволен.
На почетокот на состанокот со делегациите, Вучиќ на Ердоган му се обрати со зборовите „драг пријателе“ и му се заблагодари што пристигна со бројна делегација.
Пред денешниот состанок, како што рече Вучиќ, биле подготвени десет договори, а сега ќе бидат потпишани 12 во Белград и уште четири во Нови Пазар.
- Србија е искрен пријател на Турција и колку и да изгледа необично за некого, така и ќе се однесуваме. Србија е независна и суверена држава и нашиот однос кон Турција никогаш нема да зависи од односот на другите земји кон неа, нагласи Вучиќ.
Во поздравното обраќање тој потсети дека Србија уште истата вечер кога се случи обидот за пуч во Турција минатата година застана на страната на легално избраните институции и ги поддржа демократски вредности на земјата.
- Тоа никаде и никогаш не сме го криеле. Имаме многу заеднички интереси во регионот, пред се мир и стабилност и тие се од суштинско значење. Затоа и водиме дијалог со Приштина, кој за нас воопшто не е лесен, истакна Вучиќ, додавајќи дека Србија никогаш не била фактор за нестабилност на Балканот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица