Вучиќ: Сонувам за создавање балканска царинска унија
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека стравува за стабилноста на регионот на западен Балкан и повика на содавање на „царинска унија на сите балкански држави и територии“.
- Сонувам да создадеме царинска унија со сите балкански држави, со сите териотрии, со сите. Тоа е мојот сон. Да имаме заеднички пазар, изјави Вучиќ во интервју за агенцијата АФП, чии делови пренесува Танјуг.
Во интервјуто, дадено во пресрет на неговата посета на Франција, Вучиќ вели дека таа царинска унија не би била некоја нова Југославија, туку заеднички пазар кој би довел до тоа луѓето да станат побогати и во регионот да има подбри и поголеми компании.
Вучиќ натаму нагласува дека соработката меѓу земјите во регинот не е лесна по „не само децениската, туку и вековната омраза и војни“, што и предизвикува стравувања околу стабилноста на Балканот.
- Не стравувам за нашата иднина на еконосмки план, но потребна ни е и политичка стабилност во регионот. Затоа ќе вложиме многу напори и многу време за да обезбедиме политичка стабилност, вели Вучиќ во интервјуто.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда