Loading Video...
Балкан
13. February 2018 - 16:40

Вучиќ - Се што бараме за Србите во Хрватска подготвени сме да им пружиме на Хрватите во Србија

Се што бараме за Србите во Хрватска,  подготвени сме  да им овозможиме на Хрватите во Србија порача српскиот претседател  Вучиќ на вториот и последен  ден од посетата на Хрватска.

Тој ги посети Србите во Вргин мост а присуствуваше и на собранието на српскиот народен совет во Загреб.

Вучиќ вчера освен со хрватската колешка  имаше средба и со премиерот Пленковиќ.

По средбите тој изрази уверува дека односите меѓу двете земји ќе бидат значително унапредени.