Балкан
22. July 2015 - 16:12

Вучиќ: Отворена е нова страница во заедничката иднина на Србија и БиХ

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска по средбата со членовите на босанското Претстедателство во Белград ијзави дека е „отворена нова страници во заедничката иднина“ на Србија и Босна и Херцеговина.

Како што јави Танјуг, Вучиќ на заедничката прес-конференција со членовите на Претседателствоот на БиХ, Драган Човиќ, Младен Иваниќ и Бакир Изетбеговиќ изјави дека нивните разговори минале во отворена и искрена атмосфера.

- Таквите разговири се најдобри, додаде Вучиќ. 

Тој нагласи дека на средбата станало збор за реализација на конкретни проекти и за економски теми и дека е постигнат договор за организирање заедничка седница на владите на Србија и БиХ во текот на септември.

- Србија сака да ги има најдобрите можни односи со Босна и Херцеговина, потенцира Вучиќ.

Тој нагласи дека „веќе заборавил на нападот во Сребреница и дека е подготвен со пријателски тон да гледа на понатамошната соработка меѓу Србија и БиХ“.

- Раката на Србија е подадена и секогаш ќе биде подадена... Мојата порака и до Бакир и до Младен и до Драган е дека ова е и нивна куќа и дека секогаш се добредојдени во Белград и во Србија и дека треба да се чувствуваат како дома, порача Вучиќ.

Изетбеговиќ од своја страна изјави дека не може да има развој и стабилност на регионот без процес на помирување. Тој нагласи дека секое воено злосторство, независно врз кого е извршено, останува злосторство.

- Не е битно дали злосторството се случило во Сребреница или на некое друго место. Дали се убиени 8.327 или осум лица, злосторството е злосторство, изјави Изетбеговиќ.

Како што јави Фена, тој нагласи дека Сараево иако ги претрпело ужасите на војната, сепак имало сили да ги запре злосторствата врз Србите и да уапси неколку одметнати команданти.

По завршувањето на прес-конференцијата Вучиќ на своите гости им подари „пакет-корпи со српски производи“. Во два од пакетите, како што јави Танјуг, имало кафе, ракија, тегли со ајвар и џем и вино, а во еден наместо алкохол имало чај од чубрица.