Македонија
21. August 2017 - 16:07

Вучиќ: Офанзивни разузнавачки активности на Mакедонија и странски сили против српските интереси

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека српските надлежни органи утврдиле и докажале дека против Србија е извршено разузнавачко дејствување и оти поради тоа е повлечен персоналот од српската Амбасада во Македонија.

- Нашите надлежни органи утврдија и ни дадоа докази и сознанија за многу офанзивно дејствување против органите и институциите на Србија, изјави Вучиќ пред новинарите, пренесува РТС.

- За седум до десет дена работите ќе бидат појасни, потенцираше Вучиќ, додавајќи дека имало многу шпекулации.

- Наше е нашите луѓе да бидат подготвени. Ќе има некои промени во нашиот персонал, потенцира Вучиќ.

Тој порача дека без разлика на се Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Македонија.