Балкан
8. August 2016 - 16:09

Вучиќ: Новата влада на Србија ќе биде комбинација на успех, искуство и свежина

Новата влада на Србија ќе биде „комбинација на успех, искуство и свежина", изјави премиерот Александар Вучиќ на денешната прес-конференција, пренесува Танјуг.

Вучиќ денеска во парламентот поднесе   предлог за составот на новата влада и утре ќе ги претстави пред пратениците кандидатите за министри, и а програмата.

Вучиќ изјави дека ќе ја чита програмата со часови, бидејќи според него тоа е „сеопфатен" документ. Тој исто така вети дека ќе одговори „на секој збор или забелешка".

Во предложениот состав на владата има осум нови имиња. Кабинетот ќе биде составен од 18 министри, вклучувајќи тројца без ресор.

Претседателката на парламентот Маја Гојковиќ пак вели дека очекува содржинска и сериозна расправа и изрази уверување дека предложениот состав на кабинетот ќе биде изгласан со мнозинство од гласовите. Со тоа, Србија кон крајот на неделата ќе има нова влада, изрази увереност таа.

Предвремените парламентарни избори во Србија се одржаа на 24 април.