Балкан
20. January 2018 - 19:24

Вучиќ на Косово: Сакаме мир и ќе го сочуваме

Србите мора да останат и да опстојат на Косово, а Србија треба да продолжи да им помага.  Со оваа порака до Србите  на Косово Вучиќ  ја почна дводневна посета  на таа држава.

- Србите мора да останат и да опстанат на своите огништа на Косово и Метехоја. Не смее да не има помалку во земјата каде од секогаш сме живееле. Затоа како држава ќе се бориме на сите начини, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател упати порака и до албанците.

-Дојдов да им порачам на албанците, без оглед на тоа што неретко Србите ги доживуваат, не сакам да како непирјатели, тука противници и не ретко имаме различни интереси, дека Србија не само што сака мир, туку ќе дадеме се од себе тој мир да го сочуваме. Ќе направиме се повеќедецениските и повеќевековните проблеми да ги решиме, да обезбедиме трајност на тој мир и сигурност за секоа Албанско и Српско семејство, рече Вучиќ.

Вучиќ прво се сретна со локалното српско население  во местото Бањска а потоа и со сите градоначалници на општините на северот.  На средбата со градоначалниците се разговарало за подобрување на безбедноста на србите.   На агендата на гостинот беа и Косовска Митровица и местата јужно од Ибар.

Во Митровица  Вучќик положи цвеќе на местото каде  што пред 4 дена беше убиен Оливер Ивановиќ, еден од најзначајните српските политичари во Косово  и повика  истражните органи што побрзо да го расветлат случајот.  Посетата  се одвива под засилени мерки на безбедност.