Балкан
25. April 2017 - 16:14

Вучиќ: На координираната акција на албанските политичари за Голема Албанија им помага најмалку една странска служба

Европските дипломати се загрижени поради  агресивната реторика на Еди Рама и Хашим Тачи која според нив  може да го запали регионот.  Словачкиот шеф на дипломатијата Мисрослав Лајчак бара од Унијата да превземе активна улога на Западниот Балкан, каде  вели тој  национализмот е длабоко вкоренет. Во инетрвјуто за Правда тој посочува

Повиците за етнички чисти држави, обединување на народи под заедничко знаме со двоглав орел – дали бел или црн – периодично се повторуваат,  исто како и апелите до ЕУ поодлучно да ја прифати улогата на арбитар.

И  еврокомесарот Хан предупреди дека изјавите на некои лидери во регионот со кои се бара промена на граници се неприфатливи и контрапродултивни. Но не само Европјаните, туку и регионот се вознемири од изјавите  на  Тачи и Рама  дека Косово и Албанија би требале да се спојат доколку немаат јасна иднина во Европската унија. На ова се надоврзаа и заканите од претседателот на националниот совет на Албанците во Србија, Јонуз Муслиу, дека  на новата албанска држава треба да се припојат и Прешево Медвега и Бујановац. Српскиот премиер Вучик во сето ова гледа добро координирана акција на албанските политичари, во што им помага најмалку една тајна служба.Нивна цел е да се даде легитимност на идејата за Голема Албанија  така што ке се продлабочи  проблемот во Македонија и ке се  провоцира Србија.

Според  српскиот министер за труд  Александар Вулин  не е случајно пуштањето на дронот со знамето на Голема Албанија на фудбалскиот натпреват Шкупи  и Вардар во Скопје . Тоа е уште еден обид албанските политичари да го промовираат националистичкиот став за Голема Албанија.