Балкан
22. September 2016 - 10:26

Вучиќ-Ѓукановиќ: Мирот и стабилноста во регионот се клучни за каков било напредок

Српскиот и црногорскиот премиер, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ синоќа на средба во Њујорк се согласиле дека мирот и стабилноста во земјите од Западен Балкан се клучен услов за економски, социјален и секој друг вид на општествен напредок, јави Танјуг.

На средбата, која се одржа на маргините на 71. заседание на Генералното собрание на ОН, двајцата премиери оцениле дека односите меѓу Србија и Црна Гора се стабилни, но дека е потребно да се унапреди билатералната економска соработка.

Ставот на Вучиќ и на Ѓукановиќ е дека Србија и Црна Гора ќе продолжат внимателно и одговорно да ги унапредуваат меѓусебните односи во иднина.